Фудбалерите на Реал Мадрид ја остварија својата втора победа во новата сезона во исто толку одиграни натпревари, победувајќи го Реал Сосиедад со 4-1.
Мбапе ја отвори голеадата во 40. минута, но „Бернабеу“ доживеа шок само четири минути подоцна, бидејќи Лука Сучиќ го постигна израмнувачкиот гол за 1-1.
Надежта на гостите траеше до 60. минута, кога сè се распадна. Мбапе прво го постигна својот втор гол, а потоа осум минути подоцна Винисиус го зголеми резултатот на 3-1, за Мбапе да го комплетира хет-трикот во 80. минута и да го потпише поразот на Сосиедад.
Ова го носи Жозе Мурињо на два од два во новата ера во Мадрид.
Следниот предизвик за Реал е на 30 август, кога ја пречекуваат Малага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
