Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов со неговиот Левски не успеаја да обезбедат групна фаза во Лигата на шампионите, откако загубија убедливо од АЕК во Атина со 4-0, па за нив остана утешната награда и настап во групната фаза од Лигата на Европа.
Без Лига на шампиони остана и Динамо Загреб кој по оние 2-2 на “Максимир“ минатата недела, загуби од Викинг на гости со 3-1.
Место во ЛШ, обезбеди, пак, Фенербахче кој славеше на гостувањето против Лион со 1-2. Французите имаа и два поништени гола од ВАР-системот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
