Манчестер Јунајтед направи конкретен чекор за ангажман на Едуардо Камавинга, откако англискиот гигант му понудил 50 милиони евра на Реал Мадрид за францускиот репрезентативец.
Според информациите, „црвените ѓаволи“ се подготвени да испратат официјална понуда за 23-годишниот играч, кој и понатаму е член на Реал Мадрид и веќе настапи на стартот од новата сезона.
Камавинга е на списокот на желби на Манчестер Јунајтед веќе подолго време, а англискиот клуб сака дополнително да го засили средниот ред. Шпанскиот гигант, пак, е подготвен да разгледа понуда во регионот од 50 милиони евра.
Сепак, најголем проблем за Јунајтед може да биде самиот фудбалер. Камавинга досега јасно стави до знаење дека сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и да се бори за место во стартниот состав на Жозе Мурињо.
И покрај тоа, ситуацијата може да се промени во самиот финиш на преодниот рок. Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата и се надева дека со понудата од 50 милиони евра ќе успее да го убеди Реал Мадрид да седне на преговарачка маса.
Камавинга во Реал Мадрид пристигна во 2021 година од Рен и со текот на времето се наметна како еден од најважните млади играчи во тимот. Неговата способност да игра на повеќе позиции во средниот ред, но и како лев бек, го прави особено атрактивен за Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
