Од 7 до 10 септември во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи тренинг камп со четирикратната освојувачка на Светскиот куп, Жанг Јининг од Кина.
Како што информираат од Македонската пинг-понг федерација, на гости доаѓаат и претставници на Федерацијата на Србија. На кампот учествуваат најголемите млади надежи на македонскиот пинг понг и двајцата македонски учесници на Европското првенство во Љубљала во октомри 2026, Амелиа Николов и Кристијан Станојковски.
Кампот е дел од соработката со Амбасадата на Народна Република Кина и Кинескиот пинг-понг колеџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
