Ждрепката за третото коло во Карабао купот донесе неколку исклучително интересни пресметки, а најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем.
„Црвените“ ќе бидат домаќини на лондонскиот тим, во еден од најинтересните натпревари во оваа фаза од англискиот Лига куп.
Актуелниот освојувач на трофејот во Карабао купот, Манчестер Сити, ќе има нешто полесна задача, бидејќи на домашен терен ќе го пречека второлигашот Норич.
Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Брајтон, додека Арсенал ќе гостува кај Ипсвич. Интересно ќе биде и во дуелот меѓу Ковентри и Астон Вила, како и во пресметката на Милвол и Њукасл.
Последните две места во третото коло сè уште не се официјално пополнети. За нив се очекува да се борат Челси и Фулам, кои треба да ги минат Лутон, односно Вимблдон.
Сите парови од третото коло:
- Кристал Палас – Мидлсбро
- Манчестер Јунајтед – Брајтон
- Манчестер Сити – Норич
- Сандерленд – Хал Сити
- Ипсвич – Арсенал
- Ковентри – Астон Вила
- Борнмут – Линколн Сити
- Ливерпул – Тотенхем
- Челси/Лутон – Лидс
- Милвол – Њукасл
- Флитвуд Таун – Шефилд Јунајтед
- Евертон – Вулверхемптон
- Лејтон Ориент – Бредфорд
- Ридинг – Брентфорд
- Питерборо – Барнсли
- Вест Хем – Фулам/Вимблдон
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
