Уште една добра „шлаканица“ за Инфантино

Италијанската фудбалска федерација објави дека нема да ја поддржи кандидатурата на Џани Инфантино на изборите за претседател на ФИФА во март 2027 година.

Одлуката е донесена поради планот на Инфантино да ги продаде идните приходи од Светското првенство на приватни инвеститори, а на таа иницијатива веќе се спротивставија Европската конфедерација (УЕФА), Азиската конфедерација (АФЦ), како и Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ).

Пред Италија, на Инфантино му беше одбиена поддршка од шест нордиски земји: Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Исланд и Фарските Острови.

Ставот за оваа жешка тема го објави Италијанската фудбалска федерација на својата официјална веб-страница.

„Италијанската фудбалска федерација одлучи да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за изборите за претседател на ФИФА во март 2027 година. Со овој потег, сакаме јасно и транспарентно да го изразиме ставот на ФИГЦ, која е целосно усогласена со УЕФА и нејзиниот претседател, Александар Чеферин, и се повикува на неодамнешните иницијативи на претседателот на ФИФА за управување и развој на меѓународни натпреварувања“, објави Италијанецот.

Зборуваше и претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, разјаснувајќи ја визијата што ја претставува италијанската федерација.

„Ќе продолжиме со соработката со УЕФА и другите европски асоцијации со цел да ја промовираме идејата за фудбал базиран на заслуги, солидарност, одржливост и централната улога на навивачите. Ние претставуваме модел на дијалог, почитување на туѓите мислења и споделена одговорност. Тоа е модел што му овозможи на фудбалот да расте и да иновира, а во исто време да ги зачува своите фундаментални принципи.“

Не е лесно за Инфантино, и не треба да биде.

Сега, откако Фудбалската асоцијација на земјата на четирикратните светски шампиони му ја одби поддршката, јасно е дека позицијата на Швајцарецот е потресена од кога било пред одлуката пред неколку месеци.

Се вчитува...