Индицент на мечот Лион – Фенербахче: Фан го нападна Гендузи, настана масовен хаос

Фенербахче обезбеди пласман во главната фаза од Лигата на шампионите, но големото славје по победата над Лион беше засенето од сериозен инцидент.

По завршувањето на натпреварот, фудбалерите на турскиот тим се упатиле кон соблекувалните, кога еден навивач на Лион се залетал кон играчите. На мета се нашол Матео Гендузи, кој во минатото играше за Олимпик Марсеј, по што ситуацијата брзо ескалирала и настанала масовна пресметка.

Според информациите, во инцидентот бил повреден и член на стручниот штаб на Лион, кој наводно добил удар во главата.

Од францускиот клуб тврдат дека Гендузи дополнително ја подгреал атмосферата, бидејќи за време на паузата упатувал непристојни гестови кон домашните навивачи. Французинот, пак, објасни дека неговото однесување било реакција на навредите кои ги трпел во текот на целиот натпревар.

„Ме навредуваа мајка ми и семејството во текот на сите 90 минути. Ако потоа не можеме ни да прославиме како што сакаме, тоа не е во ред“, изјави Гендузи.

Инцидентот дополнително го засени големиот успех на Фенербахче, кој по цели 18 години повторно обезбеди место во главната фаза од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...