Од 12 септември ќе стартуваат новите шест фудбалски региони согласно новиот, далеку пофункционален, натпреварувачки систем на ФФМ, место досегашните пет Трети лиги на Македонија.
Тоа е новиот систем на натпреварувања во кој ќе бидат вклучени клубови од сите Општински сојузи на Фудбалската федерација на Македонија и кој сигурно ќе донесе и поквалитетен фудбал во понизок ранг од Првата лига и Втората лига која ќе биде единствена.
Познат е и составот на шесте региони и кои градови со своите клубови ќе учествувааат во нив.
Регион 1: Скопје со ОФС Гази Баба, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода ,Центар и Аеродром, кој е ново формиран Општински сојуз.
Регион 2: Куманово, Кратово, Липково .
Регион 3: Гевгелија, Струмица, Кочани, Валандово, Штип и Пробиштип.
Регион 4: Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино и Крушево.
Регион 5: Битола, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Ресен и Демир Хисар.
Регион 6: Тетово, Гостивар и Дебар.
Сите региони ќе имаат по 14 клуба доколку се пополнат местата. Седиштата на регионите ќе бидат ОФС Гази Баба /1/, Куманово /2/, Струмица /3/, Прилеп /4/, Битола/5/ и Тетово/6/.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
