Денеска е ждрепката за ЛШ, во групната фаза без македонски фудбалер

Европската фудбалска елита денеска ќе ги дознае своите противници во лигашката фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.

Во Монте Карло ќе бидат извлечени 36 екипи, поделени во четири шешири според коефициентот на УЕФА. Секој клуб ќе добие по осум противници, по два од секој шешир – четири натпревари на домашен и четири на гостински терен.

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен, како и Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Атлетико Мадрид се меѓу носителите во првиот шешир. Тоа значи дека најголемите фаворити можат да добијат сериозни противници уште во лигашката фаза.

Особено интересно ќе биде за Манчестер Јунајтед, кој е сместен во вториот шешир. „Црвените ѓаволи“ така можат да добијат еден од гигантите од првиот шешир, а истото важи и за останатите екипи од вториот барабан.

Во третиот шешир се наоѓаат тимови како Наполи, РБ Лајпциг, Виљареал, Фејенорд, Лил, Галатасарај и Фенербахче, додека четвртиот шешир носи неколку дебитанти и аутсајдери, меѓу кои Комо, Сабах и Викинг.

Новина е што ждрепката поради сложениот систем е полусво автоматизирана. Клубовите не можат да играат против екипа од истата земја, а во лигашката фаза можат да добијат најмногу два противници од една иста асоцијација.

Најдобрите осум екипи по осумте кола директно ќе се пласираат во осминафиналето. Тимовите од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф за место во нокаут-фазата, додека оние кои ќе завршат од 25. до 36. позиција ќе бидат елиминирани од европските натпреварувања.

Лигашката фаза ќе започне во септември, а последното, осмо коло ќе се игра на 27 јануари 2027 година. Финалето е закажано за 5 јуни 2027 година на „Метрополитано“ во Мадрид.

Ждрепката започнува денеска во 18:00 часот и ќе се одржи во Монако.

Се вчитува...