Барселона ја забележа и 21. победа во низа сезонава во АСОБАЛ-лигата, откако рутински славеше на денешниот дуел против Фригорифиос со убедливи 37-19. Каталонскиот гигант е слободен во осминафиналето од ЛШ, па овој викенд го искористи за нов тренинг меч на домашната сцена, каде и оваа сезона нема достоен ривал.
Гостите даваа каков-таков отпор во првото полувреме што заврши 15-10 за Барса, за каталонскиот гигант во вториот дел да заигра уште подобро, на крајот славејќи со убедливи 18 погодоци разлика.
Кире Лазаров одигра перфектен натпревар постигнувајќи шест гола од исто толку обиди (два од пенал), додека Борко Ристовски беше солиден на голот на Барса со десет интервенции и 52% успешност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА