Ал Келаифи: Го имаме најдобриот тренер во светот

Во ПСЖ има нова причина за славје откако „светците“ станаа прв француски клуб со три европски финалиња во ЛШ, со можност да ја одбрани титулата освоена лани.

„Светците“ постигнаа пет гола на првиот меч, синоќа имаа поинаков пристап, а најзаслужен за пласманот во ова финале без сомнеж е тренер Луис Енрике, кој постави фантастична тактика со која целосно го неутрализираше атомскиот напад на Баерн. Свесен за тоа е и претседателот на ПСЖ, Насер ал Келаифи.

„Горди сме, пресреќни. Уште еднаш видовте, го имаме најдобриот тренер во светот. Човек што прави револуција, не само во нашиот клуб, туку и во целокупниот фудбал“, истакна Ал Келаифи.

Преговорите за нов договор се во завршна фаза, па само прашање на време е кога Енрике ќе потпише со ПСЖ, договорот што е подготвен за него е со важност до 2030 година.

„Секако дека продолжуваме заедно. Тој е многу, многу среќен во клубот. Врши неверојатна работа, апсолутно неверојатна. Ние сме презадоволни од неговиот ангажман и му даваме целосна поддршка“, додаде првиот човек на ПСЖ.

Се вчитува...