Зошто ја одбра Кина за наредна дестинација во твојата кариера? – Искрено беше голем предизвик за мене да дојдам во компанија со 45 странски тренери од целиот свет и да пробам да се изборам за што подобра позиција. Kако тренер што доаѓа од релативно непозната земја за неполни два месеца успеав да добијам прераспределба во најкошаркарската Кинеска провинција Гуангдонг со 4 СВА тимови во град каде ќе се игра една од групите на светското првенство.Претходно си бил низ многу македонски клубови, зошто никој не ти го задржа внимание, па се реши на таков потег? Да сум работел во поголем дел од Македонските клубови со сите сум имал одлична соработка и до ден денес сме во постојан контакт. Потребна ми беше промена,можност за едуцирање и напредок во кариерата.Што конкретно ти е целта таму? Со какви услови располагаш? Целта ми е да го одработам максимално професионално договорот и нормално да се изборам за нов. Условите се на високо ниво,во младите категории не постои класична лига на натпревари се игра турнирнирски систем во секоја провинција и шампионот продолжува понатака.Дали можеш да направиш маала споредба со Македонија? Споредба тешко дека може да се направи. Овде системот е така поставен да децата уште од мали се насочат на спорт, почнувајќи од основни училишта покрај редовните часови што ги имаат со своите наставници ангажираат и странски тренери кој работат тренинг со учениците во самото училиште а по завршувањето се приклучуваат на тренинзи во академиите. Има максимална дисциплина и премногу се посветени,нормално имаат одлична инфраструктура. Секојдневно едуцирање на тренери,полагања за експерт сертификат,контрола на тренинг и извештај,неделен,месечен план нешто што кај нас го нема.Доколку одбереш да се вратиш тука, дали би сакал/барал клупски ангажман или нешто трето? -Во Македонија секогаш би се вратил нормално би барал клубски ангажман кој ќе се сложи со мојата стратегија за развивање на млади таленти и нивно афирмирање како во домашното првенство па и во регионалното бидејќи никој неможе да ме убеди дека Македонија нема квалитет треба едноставно тренерот да ги засука ракавите и да работи со тие кошаркари. И да наиде на разбирање кај управата, бидејќи да создадеш кошаркар не е лесно.Но покрај напорните тренинзи треба да добие шанса на терен каде ке се кали и од натпревар во натпревар ќе биде подобар. Дали ја следите Македонската кошарка и што мислите за изборот на МКФ за новите селектори. Активно ја следам Македонската кошарка како и случувањата од Купот. Мислам дека е направен правиот избор на селектори и сакам да ја искористам оваа прилика да им честитам и посакам успех на Европските првенства.

Се вчитува...