Лудило на кошаркарското „Ел Класико“: Љуљ со звукот на сирената ја реши Барса

Лука Дончиќ можеби е играч за иднината, но во Реал Мадрид се знае каде завршува топката во последниот напад кога решавачкиот обид е „шут за победа или пораз“. Серхио Љуљ уште еднаш ја покажа својата големина, погодувајќи го последниот шут на „кошаркарското Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Иако големи фаворити во пресрет на овој меч, „кралевите“ се наоѓаа на работ на пораз, се додека Љуљ не ги презеде работите во свои раце… и го погоди шутот за победа.

Се вчитува...