„Новиот Нејмар“ пред прагот на Ливерпул

Јирген Клоп ги испратил своите скаути во Бразил. Причина за тоа, како што пренесуваат медиумите на Островот, е новата бразилска фудбалска сензација и член на познатата академија на Сантош, Родриго.

Станува збор за 17 годишен напаѓач, кој според стилот на игра потсетува на ѕвездата на Барселона, Нејмар.

Родриго имал понуда и во јануарскиот преоден рок, но бразилскиот клуб сметал дека нивниот талент може да замине и во подобар клуб од Ливерпул. „Црвените“ се спремни да платат 5 милиони евра и да ги добијат правата за трансфер откако фудбалерот на Сантош ќе стане полнолетен.

Сантош е познат како клуб кој изнесува таленти во фудбалскиот свет, како што се Пеле, Нејмар, Робињо, Габриел Барбоса.

Се вчитува...