Управниот Одбор при Македонската Кошаркарска Федерација денеска ќе одржи состанок, на кој една од точките во дневниот ред е избор на селектори во младинските селекции. Стручниот совет испратил препораки кои денеска би требало да бидат изгласани од страна на УО, па младите селекции да добијат предводници на европските шампионати – Б дивизија во кои ќе учествуваат.
За нов селектор на репрезентацијата до 20 години ќе биде именуван Мирко Петрески, кој е тренер во екипата на Гостивар.
Нов селектор ќе добие и репрезентацијата за играчи до 18 години, чиј кормилар ќе биде шефот на стручниот штаб на КК Вардар, Ѓорѓи Кочов.
Македонската сениорска репрезентација се уште е без селектор по прекинот на соработката со Драган Раца, а претседателот на МКФ, Петар Наумоски во блиска иднина ќе го објави и името на новиот кормилар на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА