Баерн Минхен успеа да спаси пораз во Берлин против Херта (1-1) во шестата минута од судиското продолжение, кога Роберт Левандовски ја затресе мрежата на домашните. Секако, тренерот на Херта, Пал Дардаи, имаше големи замерки за судијата кој дозволи да се игра толку долго.
„Сите ќе се сложат со ова што јас ќе го кажам. Баерн Минхен доби бонус – продолжение. Судијата мораше да означи крај по петте дополнителни минути. Ова не е куп – натпревар за да играме 120 минути“, изјави бесно Пал Дардаи откако во последните мигови Херта ја загуби победата над актуелниот германски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА