Докузовски: Повеќе ја посакувавме победата и заслужено победивме

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Марин Докузовски, беше презадоволен од големата победа над Куманово. Искусниот стратег посочи дека триумфот е заслужен, бидејќи неговите избраници повеќе ја посакувале победата од кумановци.

Мислам дека објективно ова беше и најизедначениот дуел, како и што се очекуваше. Ние имавме поголема желба за победа, повеќе ја посакувавме и тоа го покажавме и заслужено победивме. Треба да се додаде дека игравме и без Илиевски, што за малку може ќе беше и кобно во финишот, откако останавме и без Мираковски и Николиќ поради лични грешки. Од друга страна Тасовски и Мираковски со оглед на тоа што не тренираа десет дена, денес одиграа на свежина, но за нив утре стравувам, колку ќе може да ја повторат денешната игра“ – истакна Докузовски.

Виктор Ефремовски постигна две тројки во клучните моменти од средбата, уште еднаш оправдувајќи ја довербата на стручниот штаб.

Ова беше многу тежок натпревар за нас, особено кон крајот. Ни беше тешко против подолгата клупа на Куманово бидејќи немаме доволно играчи за ротација, а нив им е покриена секоја позиција. Но кај нас се разигра Мишановиќ кој имаше навистина добар ден. Со ’пик енд рол’ успеавме да ги изненадиме и да направиме многу рпедност во играта. Погодивме и добри тројки. Сега ќе гледаме да одмориме колку што можеме бидејќи нè чека уште еден тежок натпревар бидејќи соколи се еден навистина добар тим. Се надеваме дека ќе победиме, но утрешниот ден ќе покаже“ – изјави младиот кошаркар на Работнички.

Се вчитува...