Тотенхем, како така, ќе се обидува да ја одржи трката за шампионската титула со Челси и покрај тоа што тимот од „Стемфорд бриџ“ на 14 кола до крајот од првенството има девет бода предност.
Тотенхем стигна до триумф од 1-0 против Мидлсборо во 24. коло од Премиер лигата, благодарение на погодокот на Хари Кејн од пенал во 58. минута од средбата.
Harry Kane Penalty Goal HD – Tottenham Hotspur… by Livee1Goals
Со најновите три бода, Тотенхем сега има 50 бода, доволни за втората позиција, девет помалку од водечкиот Челси, а три повеќе од третопласираниот Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА