Најдобрата норвешка ракометарка Нора Морк ги обвини своите колеги од машкиот национален тим дека ги гледале нејзините експлицитни фотографии во соблекувалната во пресрет на мечот со Србија на Европското првенство. Ова во Норвешка предизвика голем скандал, но го негираше Сандер Сагосен.
„Нора излезе во медиумите и не обвини дека сме гледале нејзини фотографии, дека сме се смееле и сме коментирале во соблекувалната. Тоа дефинитивно не е вистина“, изјави Сагосен.
Во меѓувреме, експлицитните фотографии на Нора Морк се појавија и на интернет. Најголемиот дел од нив, не се за помлади од 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА