Томовски со Битигхајм се вратија во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски со неговиот Битигхајм следната сезона ќе играат во најсилната германска Бундеслига.

По поразот вчера на третопласираната екипа во второлигашката конкуренција, Битигхајм и пред денешниот свој натпревар во 31. коло од шампионатот веќе обезбеди место во Бундеслигата следната сезона.

Мартин Томовски, кој имаше фантастична сезона, е една од клучните фигури за овој успех на Битигхајм.

Се вчитува...