Победник на првата етапа од 109-то издание на познатата трка Џиро д’Италија е Французинот Пол Мен по возбудлив спринт на целта на делницата Несебар-Бургас.
За прв пат во историјата, „Џиро Д’Италија“ стартуваше во Бугарија, која ќе биде домаќин на првите три етапи, додека преостанатиот дел од натпреварувањето ќе се одржи таму каде што сè започна – во Италија.
Покрај победата на Мање, трката беше обележана и со сериозен инцидент на 650 метри пред целта, каде што голем дел од натпреварувачите буквално се заглавија, по падот на неколку велосипедисти кои со своите тела и двоколки им го блокираа патот на другите.
Целиот пелотон остана парализиран на тоа место и за сите нив тоа беше крај на надежта за добар пласман денес.
Тој хаос се случи зад десетината првопласирани, меѓу кои беше Пол Мање, заедно со Тобијас Андерсен Лунд и Итан Вернон, кои, во драматичен финиш, ги освоија првите три места.
DREAM WIN! 🔥 Paul Magnier wins a dramatic Stage 1 of the Giro d’Italia to take the Maglia Rosa! pic.twitter.com/avzeNhVtWq
— Cycling on TNT Sports (@cyclingontnt) May 8, 2026
Според првите извештаи, освен неколку повредени натпреварувачи, немало посериозни повреди во споменатиот инцидент.
Следната етапа е од Бургас до Велики Трново.
Претходното издание на познатата трка започна во Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
