„Вардарецот“ Чупиќ – нов хрватски рекордер

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Иван Чупиќ го преседе на клупата претходниот меч со Белорусија, но левото крило на Вардар беше стартер на хрватската репрезентација на вечерашниот клучен дуел со Норвешка.

Само десетина минути од оваа средба му беа доволни на „вардарецот“ да си обезбеди место во историјата на хрватскиот ракомет, избивајќи на врвот на вечната листа на стрелци на „коцкестите“ на европските шампионати.

Неговиот гол за водство од 7-4 беше вкупно 152. за Чупиќ на натпреварите на Хрватска на европските првенства, со што крилниот ракометар го остави зад себе и легендарниот Ивано Балиќ.

Се вчитува...