ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Шпанија ќе биде посилена за Хулен Агинагалде за вечерашниот натпревар против Македонија, откако селекторот Жорди Рибера реши повторно да го вклучи одличниот пивот во составот.
На утринскиот технички состанок беше потврдено дека Агинагалде ќе биде дел од „црвената фурија“ на вечерашниот дуел во Вараждин, заземајќи го местото на Гони, од кого беше заменет пред натпреварот со Данска.
Само за потсетување, Агинагалде има проблем со грбот по повредата што ја обнови на дуелот со Унгарија, потоа беше „избришан“ пред мечот со Данска, но во изминатите три дена одмор лекарите на шпанскиот состав завршија одлична работа оспособувајќи го за настап против Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА