Шкендија стартуваше со пораз (1-2) од Цирих на подготовките во Анталија.
Тетовци во првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија загубија од швајцарскиот прволигаш со два гола примени во второто полувреме. Стрелци за Цирих беа Двамена во 65. минута и Родригез од пенал во 71. минута, a единствениот гол за Шкендија го постигна Бесарт Ибраими со убав шут од околу 16 метри во 90. минута од натпреварот.
Стратегот Ќатип Османи мечот против Швајцарците го стартуваше со следниот состав: Захов, Бејтулаи, Теќа, Адили, Цуцули, Фазлагиќ, Алими, Хасани, Ибраими, Жуниор, Радески.
Следниот пријателски натпревар на Шкендија е на 26. јануари против украинскиот Олимпик Доњецк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА