Силекс ќе тестира со Црвена Звезда: „Црвено-белите“ замена за украинскиот Мариупол

Македонскиот прволигаш Силекс ги одработува зимските подготовки во Анталија, а успее да закаже пријателски натпревар со поранешниот европски првак Црвена Звезда. Српскиот клуб влегува во планот на кратовци на 31.јануари, а мечот ќе се одигра во Анталија, со почеток во 13 часот. Првично, во овој термин Силекс имаше закажано проверка на формата со украинскиот прволигаш Мариупол, но со согласност на двете клуба тестот отпадна од комбинација.

Кратовци во првиот пријателски меч во Турција загубија од рускиот второлигаш Оренбург со 3-0, а утре ќе играат против Луч Енергија.

 

Се вчитува...