ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победа поразена од Мачва, „лавовите“ убедливи со Локомотива…

Фудбалерите на Победа го доживеаја и третиот пораз во пријателските натпревари за време на зимските подготовки, овој пат на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид  од српскиот прволигаш Мачва од Шабац.

Прилепчани загубија со 0-3 (0-2), со головите на Бојан Матиќ уште од 1. минута, на Лазаревиќ од пенал во 12. минута и со автоголот на Хамбутов во 61. минута од натпреварот.

Тренерот на Победа, Славољуб Бубања на дуелот против Мачва настапи во следниот состав: Котевски, Димитриоски, Крстески (Хумбатов 15′), Илиески(Колески 35′), Карчески, Ј.Наумоски, Мунпаин, Ацески, Трајкоски, М.Наумоски и Лога. Во второто полувреме играа: Јованоски, Цветаноски, Хумбатов (Ристевски 75′), Колески, Паноски, Најдовски, Ангелески, Спиркоски, Недељковиќ, Ивановиќ и Димоски.

Следниот натпревар на Победа е на 31. јануари против српскиот Јавор, исто така во Охрид.

МАКЕДОНИЈА ЃП И СЕРВИРАШЕ „ПЕТАРДА“ НА ЛОКОМОТИВА

Амбициозниот второлигаш Македонија ЃП со убедливи 5-0 (2-0) славеше против екипата на Локомотива.

Стрелци за „лавовите“ беа Христов, Костовски, Филип Петров во два наврати и Лазаревиќ.

Се вчитува...