ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО – 19. КОЛО…
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1)
Ибраими 85′ – Грнчаров 79′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)
Скопје: ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (5-2)
Илијоски 7′, 17′, 23′, Јашароски 59′, Стојкоски 79′ – Стоилов 31′, Грифони 71′
Турново: ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-1)
Даноски 11′ – Маневски 9′
Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ (одложено, 21. февруари)
ТАБЕЛА: Шкендија 47 бода, Вардар 39, Силекс(-1) 31, Шкупи 26, Академија Пандев 25, Работнички 24, Победа 20, Ренова 19, Пелистер 17, Скопје(-1) 10 бода.
=========================================================================
КРАЈ НА ДЕРБИТО ВО ТЕТОВО. Реми на Шкендија и Вардар (1-1)!
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1)
1-1 – 85′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими доби убава топка на 16 метри, веднаш шутира од свртување и го совладува Гачевски кој овој пат е немоќен
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)
0-1 – 79′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. По корнерот од десната страна, топката на вториот дирек до капитенот Грнчаров кој со глава носи водство за шампионот!
КРАЈ И ВО ТУРНОВО. ПОБЕДА И ПЕЛИСТЕР РЕМИЗИРАА (1-1)
КРАЈ И НА МЕЧОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“… РАБОТНИЧКИ И РЕНОВА РЕМИЗИРАА БЕЗ ГОЛОВИ!
КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО МАЏАРИ… ШКУПИ СЛАВЕШЕ ПРОТИВ АКАДЕМИЈА СО 5-2!
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
63′ – Нова извонредна шанса за Шкендија. Алими одлично го проигра Радески кој е сам пред голот на Шкендија, но Гачевски со пад во нозе го спасува Вардар!
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
61′ – Одлична шанса за Радески кој од свртување шутира но Гачевски брани!
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (5-2)
5-2 – 79′ – ГОООЛ ЗА ШКУПИ. И Кристијан Стојкоски се запишува во листата на стрелците за 5-2
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (4-2)
4-2 – 71′ – ГОООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Грифони постигнува погодок за намалување на резултатот
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
51′ – 100% шанса за Вардар. Барсегјан се најде очи во очи со голманот на Шкендија од идеална позиција, но Захов спасува!
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)
60′ – Велинов нафрли од слободен удар, Красниќи шутираше со глава, а Кобетиќ успеа да одбрани.
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (4-1)
4-1 – 59′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Адем Јашароски. По проигрувањето од десната страна, Јашароски избива сам пред голот на гостите и ниско по земја погодува за 4-1
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (3-1)
!!!! – 56′ – Пенал за Шкупи. Баже Илијоски не успева да го постигне и четвртиот гол. Вујанац го брани неговиот шут од белата точка.
Почеток на вторите 45 минути на натпреварот во Скопје и во Турново….
Крај на првото полувреме на дербито во Тетово!
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
!!!! – 42′ – Неверојатна шанса за Шкандија. Ибраими продре во гостинскиот шеснаесетник од десната страна, го проигра Хасани кој беше само на 2-3 метри пред голот на Вардар но ја промаши празната мрежа одбивајќи ја топката над голот на Вардар
Крај на првите 45 минути и во Турново и на стадионот во Маџари на пресметката меѓу Шкупи и Академија Пандев!
Крај на првото полувреме на дуелот меѓу Работнички и Ренова
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
25′ – Добра шанса и на Шкендија. Бесарт Ибраими се најде во одлична позиција по десната страна, но неговиот шут од десеттина метри го одбрани Гачевски
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
!!! – 22′ – 100% шанса за Вардар. Барсегјан нафрли од левата страна, Попзлатанов се најде осамен на само неколку метри пред голот на Шкендија но Захов брани спасувајќи сигурен гол на шампионот
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
18′ – И Барсегјан се обидува со шут од околу 20 метри, но за малку над дирекот од голот на домашните
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
15′ – Убав обид на Хуан Фелипе кон голот на Шкендија, но за малку непрецизен
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (3-1)
3-1 – 31′ – ГООООЛ НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Ѓорѓи Стоилов… Убава акција на гостите, од непосредна близина стрела Стоилов за прв гол на струмичани
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)
0-0 – 9′ – Мирно на дербито во Тетово. Шкендија ја има иницијативата, но без посериозни шанси досега
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (3-0)
3-0 – 23′ – ГООООЛ НА ШКУПИ: Баже Илијоски… Нов контранапад на домаќините на стадионот во Маџари. Баже Илијоски повторно осамен и постигнува неверојатен хет-трик за само 16 минути!
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)
14′ – Велинов центрираше од десната страна, Нехар Садики шутираше со глава, но погоди свој соиграч на патот кон голот
ПОЧЕТОК НА ДЕРБИТО ВО ТЕТОВО…
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-1)
1-1 – 11′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Зоран Даноски… По акцијата по десната страна, нафрлување на вториот директ каде се најде Даноски и од 5-6 метри го израмнува резултатот
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-1)
0-1 – 9′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Борче Маневски… По корнерот од десната страна, на вториот директ Борче Маневски осамен лесно погодува за 0-1
ШКУПИ – А. ПАНДЕВ (1-0)
1-0 – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Баже Илијоски… Одличен деганжман на голманот Зендели, а Баже Илијоски во соло продор минува до голот на Академија Пандев и мајсторски стрела за 1-0!
Почеток на натпреварите во Скопје и во Турново…
- ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ДЕРБИ ПРЕСМЕТКАТА ВО ТЕТОВО… Шкендија стартува со најновото засилување Висар Муслиу, а во Вардар во нападот ќе ги нема Максим Максимов и засилувањето Битанг.
- Дерби мечот меѓу Шкендија и Вардар ќе доцни 20 минути (стартува од 14:20 часот) како комплетно би се подготвил теренот на Градскиот стадион во Тетово.
- Одложен е натпреварот меѓу натпреварот на Силекс и Скопје поради поплавен терен на Градскиот стадион во Кратово.
================================================================================
Почеток на пролетната полусезона во македонскиот фудбал. Стартуваат натпреварите од 19. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. И веднаш со дерби пресметката во Тетово меѓу најдобрите две домашни екипи Шкендија и Вардар.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА