Имаше ли пенал за Работнички? (ФОТО)

Работнички и Ренова играат без голови по првото полувреме на арената „Филип Втори“, а иако беа создадени мал број на шанси, се издвојува моментот по кој „романтичарите“ бараа да биде досудена најстрога казна. Новата аквизиција Христијан Кировски со глава ја врати топката во шеснаесетникот на гостите, а дефанзивецот на „гипсарите“ играше со рака.

Сепак, судијата Димитар Мечкаровски покажа играта да продолжи и не го санкционираше овој старт со пенал за „романтичарите“.

Се вчитува...