Нови три квалитетни натпревари беа денеска на програмата во Бизнис-лигата…
Уника ја „затвори“ Фабрика Карпош
Уника 9-5 (4-5) Фабрика Карпош
Уника: Љуљзим Каштањева 17’ 23’ 29’ 38’, Арбен Нухиу 8’ 20’ 33’ 34’, Бесими Нухиу 14’
Фабрика Карпош: Благоја Огненовски 37’ 38’, Тони Мировски 19’ 45’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Уника и Фабрика Карпош. Првата фаза од полувремето мина во испитување на силите, играта главно се одвиваше на средината на теренот и играчите се обидува главно со удари од далечина да го отворат резултатот. Екипата на Фабрика Карпош во 7-ма минута успеа да реализира контра-напад и да го отвори резултатот со 1-0, но екипата на Уника брзо ги консолидираше своите редови и дојде до израмнување. По ова Уника успеа да ја преземе иницијативата и да направи целосен резултатски пресврт и на полувреме да замине со предност од 4-2. Во второто полувреме Фабрика Карпош се обиде со неколку промени во тимот да дојде до израмнување, но сепак екипата на Уника одлично је имаше поставено играта и преку контра-напади константно го зголемување водството во натпреварот. Натпреварот заврши со резултат 9-5.
Пумпашкото дерби во знакот на Макпетрол
Макпетрол 8-4 (4-3) Лукоил
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 3’ 29’ 39’, Христијан Мицевски 14’, Мартин Дејаноски 18’ 21’, Александар Мишовски 20’ 34’
Лукоил: Дејан Зиков 2’ 17’, Лоренцо Николовски 17’, Марјан Цветковски

Дербито на колото помеѓу екипите на Макпетрол и Лукоил беше магнет за публиката која ја исполни салата до последното место. Двата тима уште на самиот старт наметнаа жестоко темпо на игра што резултираше со погодоци уште на самиот старт на натпреварот. Екипата на Лукоил со одличниот погодок на Зиков во 2’ успеа да го отвори резултатот, но Макпетрол врати со иста мера веќе во следната минута со бомба од средината на теренот преку Георгиевски. До крајот на полувремето се редеа шанси на двете страни и во таквата игра поснаодлива беше екипата на Макпетрол која го доби првото полувреме со 4-3. Второто полувреме двете екипи продолжија со жестока борба за секоја педа на теренот во рамките на фер-плејот. Во второто полувреме видовме прекрасно одиграни акции, одлични потези и уште поубави голови. Играчите на Макпетрол беа поконкретни и успеаја поголем дел од своите шанси да ги претворат во погодок, што на крајот резултираше со победа од 8-4.
Даиловски го водеше Матрикс во победа против ЈСП
Матрикс 13-3 (5-1) ЈСП
Матрикс: Оливер Петровски 29’, Антонио Богдановски 15’, Мирко Богевски 27’, Дарко Насевски 40’, Драган Брњачевски 35’, Петре Даиловски 1’ 9’ 11’ 14’ 22’ 26’ 39’ 40’
ЈСП: Сашо Георгиев 36’, Љупчо Павловиќ 8’ 31’

Натпреварот помеѓу Матрикс и ЈСП одлично го отвори екипата на Матрикс, па уште во првата минута го отвори резултатот по што најави ефикасно прво полувреме. По овој рано примен погодок, на екипата на ЈСП и беа потребни неколку минути да ги консолидира своите редови и во осмата минута преку Павловиќ да дојде до израмнување. Сепак, во ова полувреме ЈСП не успеа да најде противигра за расположениот Даиловски кој со хет-трик успеа да обезбеди солидна предност за својата екипа. До крајот на првото полувреме Матрикс успеа да ги искористи киксовите во одбраната на екипата на ЈСП и да го добие полувремето со 5-1. На стартот на второто полувреме ЈСП со неколку промени во тимот со сите сили се обиде да го намали високото водство на екипата на Матрикс, но сепак денеска овој тим имаше слаба реализација. Екипата на Матрикс денес беше нерешлива енигма за противникот и успеа да го добие противникот со конечни 13-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

