Контроверзноста околу натпреварот Баерн Минхен и ПСЖ беше предизвикана од ситуацијата во првото полувреме што се случи во шеснаесетникот на гостите. Витиња, во обид да ја исфрли топката, го удри соиграчот Жоао Невес во раката.
За многумина, тоа беше пенал „чист како солза“, особено затоа што Невес малку ја тргна раката од телото во моментот кога ја допре топката. За судијата Жоао Пинеира (уште еден Португалец во овој случај), сепак, немаше дилема дека ова не е ситуација за најстрога казна.
Главниот судија само го следеше утврденото правило во оваа ситуација. Имено, според Меѓународниот одбор за фудбалски правила чии одлуки се имплементираат во фудбалските правила, пенал не се досудува ако играчот го удри соиграчот во раката, освен ако топката не е на пат кон голот или голот на противникот може да биде загрозен на некој друг начин.
Во случајот со Витиња-Невес, немаше такви индикации по играњето со рака, и затоа Пинеиро донесе правилна одлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
