Брутален нокаут е виден на боксерскиот спектакл во Лондон.
29-годишниот британски боксер Дилијан Вајт го нокаутираше искусниот Австралиец Лукас Браун во шесттата рунда од мечот. До силината на ударот несреќниот боксер во истиот момент загуби свест по што мечот веднаш беше прекинат…
Лекарските екипи веднаш му укажаа помош на Браун кој на лице место доби маска со кислород, а потоа на носилки беше итно пренесен во болница. Според последните информации се наоѓа во стабилна состојба во болницата во Лондон.
@DillianWhyte KO of Lucas Browne… brutal! #boxing pic.twitter.com/1ZRNx54aU0
— Bouchér (@southerngooner) March 24, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА