Лекиќ погоди за реми на Вардар против Будуќност

Ракометарките на Вардар одиграа нерешено со Будуќност (25-25) во осмиот натпревар во регионалната ВРХЛ лига, последен на четвртиот турнир што се играше во Скопје. Вардарки уште на претходниот меч со победата против Крим ја потврдија титулата и овој втор дуел практично беше без поголема резултатска важност.

Во неизвесниот натпревар, бод на Вардар му донесе Андреа Лекиќ со израмнувачкиот гол во последните секунди. Српската репрезентативка беше и најефикасна кај вардарки со озсум гола, а по четири постигнаа Пенезиќ и Хмирова. Нападот на Будуќност пак го предводеше Јанковиќ со девет погодоци.

Последниот турнир од ВРХЛ лигата ќе се одигра наредниот месец.

Се вчитува...