Пукната е тиквата: „Енфилд роуд“ му свиреше на Слот по една одлука (видео)

Се поголем е притисокот врз управата на Ливерпул да му врачи отказ на Арне Слот на крајот од сезонава, а публиката јасно стави до знаење што мисли за холандскиот стратег и на денешното дерби со Челси.

Слот при резултат 1-1 реши да го уфрли во игра Исак и тука нема ништо спорно, но навивачите беа бесни кога тој реши да го повлече од игра младиор Рио Нгумоа, младиот ас кој беше единствениот расположен офанзивец во тимот до тој момент.

Слот ги остави на терен сонародниците Гакпо и Фримпонг, а навивачите јасно ставија до знаење што мислат за оваа негова одлука, со гласни свирежи „поздравувајќи“ го тренерот додека Рио го напушташе теренот.

„Енфилд“ ечеше од свирежи и по последниот судиски свиреж на ова реми, по новото потпросечно издание на Ливерпул против ривал што се наоѓаше во катастрофална форма пред доаѓањето на „Енфилд“.

Се вчитува...