Хаос во Марсеј: Фудбалерите бунтувале, суспензија за Обамејанг

Атмосферата во таборот на Олимпик Марсеј во финишот од сезонава е максимално тензична откако тренерските смени не вродија со плод, а слабите игри на тимот во последните два месеца придонесе управата и стручниот штаб да донесат одлука – фудбалерите наместо дома викендите да ги минуваат во тренинг-комплексот, каде ќе мора и да спијат, се со цел да се зајакне тимскиот дух и да се најде излез од кризата.

Идејата е добра, но резултатот е далеку од посакуваниот – откако десетина фудбалери јавно се побуниле против ваквата одлука, создавајќи хаос во тренинг-центарот во Марсеј.

Предводник на оваа група „бунтовници“ бил Пјер Емерик Обамејанг, кој ги водел останатите низ различни простории во тренинг-комплекс, оставајќи неред зад себе.

Најлошо од сите минал помошниот тренер Боб Тари, кој бил задолжен за контрола на фудбалерите додека се наоѓале во карантин. Играчите направиле хаос во собата на Тари, а Обамејанг згора на тоа го испрскал тренерот со противпожарен апарат.

Групата во прв момент со потсмев ја проследила ситуацијата, сите потоа биле казнети, а најлошо минал Обамејанг, кој покрај паричната казна е отстранет од тимот за мечот со Авр што е на програмата викендов.

Се вчитува...