Што се случува во Милан: Алегри е пред отказ!

Масимилијано Алегри требаше да биде стратегот што ќе го врати Милан на победнички патеки, но реалноста е сосема поинаква, „росонерите“ лесно ја загубија трката за скудетото, играат крајно непопуларен и здодевен фудбал, а на искусниот стручњак му се замерува што не се ни обидува да игра барем малку поофанзивно.

Последните информации говорат дека Алегри сега се наоѓа пред отказ, по недоразбирањата што ги имал со речиси комплетната управа на клубот од „Сан Сиро“. Златан Ибрахимовиќ уште на стартот на сезонава се дистанцираше од екипата токму по конфликтот со Aлегри, тренерот потоа незадоволен од трансфер-активностите ги залади односите и со спортскиот директор Таде, а последните информации говорат дека пyкнала тиквата и меѓу Алегри и извршниот директор Џорџо Фурлани.

Токму Фурлани беше главен сојузник на искусниот стручњак од самиот старт на сезонава, но Алегри во меѓувреме ја загуби и неговата поддршка.

На раководството веќе му станува јасно дека тренерот кој зема превисока плата нема намера да ги менува методите на работа, но и продолжува да шири негативна енергија на повеќе нивоа во клубот.

Управата е многу блиску до разделба од Алегри на крајот на сезонава, но засега нема конкретен план кој би бил новиот тренер што летово би пристигнал на „Сан Сиро“.

Се вчитува...