Ракометните судии конечно добија зголемување на судиските такси за натпреварите од домашните првенства. УО на РФМ го прифати барањето за корекција на надоместокот што го добиваат ракометните судии кој како и досега ќе биде исклучително на товар на РФМ.
„Нашите такси не се зголемени уште 1992 година кога беа 100 марки, со мали корекции од по оттогаш досега од по 1.000 денари. Не бараме ни сега преку леб погача, туку само да биде досстојно вреднуван нашиот труд. За споредба, во Хрватска судиските такси се над 200 евра, во Србија каде ракометот е паднат на најниско ниво, судиската такса е 100 евра…“ – истакна Ѓорѓи Начевски во иметото на Судискиот одбор.
УО на РФМ одговори позитивно на ова барање и едногласно изгласа корекција на судискиот тарифник, а претседателот на РФМ потенцираше дека разликата во сумата ќе биде покриена од РФМ.
„Она што беше практика досега ќе продолжи и понатаму. За да немаат клубовите дополнителни финансиски оптоварувања, оваа корекција во тарифникот за судиските такси ќе го покрива исклучиво РФМ“ – рече претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА