Андре Игодала, познат по својата улога на „маркер“ на Леброн Џејмс во дуелите со Кливленд и Голден Стејт, нема да биде во составот на „воините“ во првиот натпревар од финалето во НБА лигата што се игра ноќеска.
Иако не е еден од најголемите ѕвезди во својата екипа, Игодала веќе со години е важна алка во системот на Голден Стејт вориорс. Неговата важност посебно доаѓа до израз во дуелите меѓу Кливленд и Голден Стејт кога тој е примарна дефанзивна опција за Леброн Џејмс и веројатно е единствениот кошаркар во ростерот на Голден Стејт кој со физичките предиспозиции може колку-толку да му се спротивстави на „кралот“.
Игодала вечерва сепак нема да биде на паркетот на отворањето на финалната серија. Поради повреда на ногата, кошаркарот на Голден Стејт пропушти поголем дел од натпреварите во финалето на Западната конференција против Хјустон, а од клубот официјално потврдија дека Игодала го пропушта и првиот натпревар од големото финале.
Голден Стејт важи за фаворит против Хјустон во финалната серија, сепак отсуството на Игодала му остава простор на Леброн Џејмс и на „кавси“ да го сменат односот на силите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА