Силекс доведе уште еден нов фудбалер за наредната сезона, откако денеска беше потпишан договор со 20-годишниот Алпај Јусуф.
Станува збор за играч кој доаѓа од редовите на Локомотива од Скопје, а настапува на позицијата последен фудбалер за врска. Договорот меѓу Силекс и Јусуф е со времетраење од една година, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.
Новото засилување на кратовци ќе дебитира за оваа екипа на утрешниот пријателски натпревар против Рудар Пробиштип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

