Поранешниот македонски репрезентативец Аце Стојков треба да биде најголемото засилување за Академија Пандев во новата натпреварувачка сезона.
35-годишниот Стојков и дефинитивно се договори за преселба во редовите на „пандевци“ а наредниве денови се очекува само официјализацијата на меѓусебната идна соработка.
Изминатите три години Стојков настапуваше во дресот на Вардар, а претходно во својата кариера има настапи и за Беласица, Специја, Интер, Ботошани, Работнички, Скендербег, Арау, Дебрецен, Партизан, Ла Лувр и Горник во Полска.
За репрезентацијата на Македонија има 40 настапи притоа со постигнати пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА