Извршниот комитет на Европската гимнастичка федерација ќе заседава во Скопје

За првпат во својата историја Европската гимнастичка федерација се одлучи да одржи состанок на Извршниот комитет надвор од своето седиште во Швајцарија. И, за таков еден состанок одбрана е Македонија.

Денеска во хотелот „Парк“ во Скопје ќе се одржи состанок на Советот на претседатели и Извршниот комитет на Европската гимнастичка федерација (УЕГ) на кој ќе присуствуваат 21 член на највисокото управно тело на УЕГ.

Пред почетокот на состанокот до европските гости ќе се обратат и претседателот на МОК, др.Васил Тупурковски како и и директорот на АМС,  Дарко Каевски.

Се вчитува...