Трае продажбата на билети за Светското првенство. Претседателот Доналд Трамп самоуверено истакна дека продажбата на влезници е неверојатна и дека САД ги рушат сите рекорди.
И покрај тоа што тој тврди дека билетите одат одлично, бројките покажуваат нешто друго. Голем број на карти и натаму се достапни, особено за натпреварите на кои играат и САД, која ќе ја има поддршката од домашната публика.
Покрај тоа, американските хотелиери предупредуваат дека резервациите се под просекот за овој период од годината , што го сметаат за големо разочарување со оглед на економскиот поттик што Светското првенство обично му го носи на домаќинот.
Трамп беше изненаден кога за време на едно интервју го прашаа за билетите, и кога му кажаа дека чини 1000 долари. На пример билет за првиот меч на САД со Парагвај, чини толку.
„Не го знаев тој податок. Би сакал да бидам на тој меч, но искрено, не би платил толку многу“, изјави Трамп.
Неговата изјава дојде само неколку часа откако првиот човек на ФИФА ги бранеше превисоките цени на билетите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
