„Кралевите“ потврдија: Валверде има повреда на мозокот, не игра на „Ел Класико“

Голем скандал на повидок е во Реал Мадрид, откако извештаите за тепачка помеѓу Чуамени и Валверде се покажаа како точни, а сега „кралевите“ потврдија дека Валверде има трауматска повреда на мозокот, по што и официјално не игра на „Ел Класико“.

Уругваецот наводно го извлекол подебелиот крај во овој инцидент, и ќе мора да мирува 10-14 дена.

„По денешните прегледи извршени врз нашиот играч Феде Валверде од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, му е дијагностицирана трауматска повреда на мозокот“, стои во официјалното соопштение на клубот.

„Валверде е дома и е во добра состојба, но ќе мора да мирува од 10 до 14 дена согласно медицинските протоколи за оваа дијагноза.“, стои во објавата на „кралевите“.

Претходно Реал објави дека е покрената дисциплинска постапка против Валверде и Чуамени.

Се вчитува...