Српската водителка и манекенка Марија Ќурчиќ (25) пронајдена е мртва во нејзиниот стан во Белград. Според, информациите што ги пренесуваат српските медими, водителката извршила самоубиство.
Смртта на 25-годишната водителка ја потресе јавноста и никој не може да поверува дека таа посегнала по својот живот во мигови на депресија. Само пред три дена Марија на Инстаграм објавила фотографија со Роналдињо за време на неговиот престој во Србија. До фотографијата со славниот фудбалер водителката оставила порака „го остварувам детскиот сон“.
Марија Ќурчиќ е родена во Белград, а по мајка има потекло од Конго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА