Зверев победнички почна во Лондон

Александар Зверев ја забележа првата победа на годинашното издание на завршниот турнир на осумте најдобри тенисери во Лондон откако во стартната рунда од групниот сегмент го победи Марин Чилиќ со 2-0 во сетови.

Зверев и Чилиќ ја продолжија традицијата неизвесни пресметки, па победникот беше решен по двата сета во кои имаше тај-брејк. На почетокот од мечот Зверев изгледаше изгубено бидејќи хрватскиот тенисер имаше водство од 3-0 во гемови, но Германецот се врати и го одведе сетот во тај-брејк кој го освои со 7-5. Во вториот сет Зверев беше доминантен во тај-брејкот кој го освои со 7-1.

На вториот дуел во оваа конкуренција во вечерниот термин турнирот ќе го почне првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ кој во првото коло се среќава со Џон Иснер.

Се вчитува...