Надал се враќа во Абу Даби

Крајот на годинава е терминот за кој Рафаел Надал најави дека ќе му се врати на тенисот. Тој ќе учествува на турнирот во Абу Даби кој ќе се одржува од 27 до 29 декември. Шпанецот го откажа настапот на АТП Финлето во Лондон поради проблеми со стомачните мускули, мораше да оди на операција, но очекува да биде подготвен за турнирот во Абу Даби.

„Абу Даби е едно од местата на кои сакам да играм. Атмосферата е одлична затоа што публиката е многу ентузијастична. Турнирот ги овозможува сите услови за добар почеток на сезоната“ – рече Надал кој има шест титули од Мубадала шампионатот.

Вториот тенисер во светот им се приклучува на Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Доминик Тим, Хјеон Чунг и на Карен Хачанов кои претходно го потврдија учеството.

 

 

 

 

Се вчитува...