Бизнис-лига: Макарт подобар од Пекабеско

Три интересни натпревари беа на денешната програма од Бизнис-лигата…

Маркарт со чести ротации на играчи до победа над Пекабеско

Маркарт 6-3(3-1) Пекабеско

Маркарт: Пеце Стојановски 1′ 20′ 30′ 40′ Мартин Стојанов 4′ 39′ 
Пекабеско: Бобан Вујиќ 10′ Андрија Периќ 22′ 31′

Маркарт имаше одличен старт во дуелот со екипата на Пекабеско и уште во првата минута успеа да постигне погодок за 1-0, неколку минути подоцна преку Стојанов и за водство од 2-0. Тимот на Пекабеско се обидуваше со сите сили да фати резултатски приклучок, што им успеа во 10. минута со погодокот на Вујиќ. До крајот на полувремето Маркарт постигна уште еден погодок за водство на полувреме од 3-1. На стартот од второто полувреме Пекабеско успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива, но екипата на Маркарт со честа ротација на играчи успеа да ја одрижи свежината во својот тим што на крајот и донесе победа од 6-3.

Гранит со одлично второ полувреме до висока победа над Еуро Табак

Еуро Табак 3-10(2-3) Гранит

Еуро Табак: Дејан Младеновски 4′ Мартин Ливрински 10′ Дејан Филиповски 40′ 
Гранит: Дарко Стојановски 18′ 30′ 35′ 39′ Сашо Каровски 23′ Н. Глигуровски 11′ 14′ 34′ Ристе Бошев 26′ 27′

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Еуро Табак и Гранит и припадна на екипата на Еуро Табак, која уште на стартот односно во 4та минута успеа да го отвори резултатот, неколку минути подоцна во 10та минута успеа да постигне уште еден погодок за водство од 2-0. По оваа негатива Гранит направи неколку промени во тактиката и успеа да ја пронајде својата игра што до крајот на полувремето им донесе целосен резултатски пресврт. На полувремето се замина со резултат од 2-3. На стартот на второто полувреме тимот на Гранит со погодок на Каровски успеа да ја зголеми предноста на 2-4. Еуро Табак направи промена во тактиката внесувајќи во игра голман играч обидувајќи се резултатски да се врати во игра, таквата игра остави голема дупка во одбраната која Гранит ја искористи за победа со високи 3-10.

Рамстор со пресврт до победа над ЕВН

ЕВН 2-3(2-1) Рамстор

ЕВН: Вилијам Митев 11′ Ајет Новобрдарија 16′ 
Рамстор: Фуркан Муртезан 27′ 29′ Ведат Арслан

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу ЕВН и Рамстор, помина во помирно темпо на игра без многу шанси за гол, играта главно се одвиваше на средината на теренот. Како одминуваше времето екипата на ЕВН вршеше посилен притисок кон голот на Рамстор што резултираше со погодок во 11та минута и водство од 1-0. По ова екипата на Рамстор направи неколку промени во тимот и тргна по израмнување на резултатот, но екипата на ЕВН во финишот од полувремето преку еден контра напад успеа да ги изненади и да го зголеми водството на 2-0. До крајот на полувремето екипата на Рамстор се обидуваше да го намали водството во што и успеа во 20та минута па на полувремето се замина со 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор се префрли на противничко поле вршејќи притисок кон голот на ЕВН што вроди со плод во 27та минута и израмнување на резултатот. Последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница во која поуспешна беше екипата на Рамстор која го доби овој натпревар со 2-3.

Се вчитува...