Пати Шнидер конечно му кажа збогум на „белиот спорт“

Швајцарската тенисерка Пати Шнидер ја заврши својата долга тениска кариера на 40-годишна возраст.

На Шнидер ова е второ простување од „белиот спорт“, бидејќи кариерата еднаш веќе ја заврши во 2011 година кога реши да се повлече по настапот на Ролан Гарос.

Но, по четири години пауза, Швајцарката повторно се врати на тениските терени и играше се до крајот на оваа сезона, а сега одлучи и дефинитивно да стави крај.

Најголемиот успех Пати Шнидер го оствари во ноември 2005 година кога стигна до седмата позиција на ВТА листата, а во својата кариера освои вкупно 11 титули.

На гранслем турнирите најдалеку стигна до полуфиналето на Австралија Опен во 2004 година и по два пати настапуваше во четвртфиналето на УС Опен и на Ролан Гарос.

Забележителни резултати Швајцарката имаше и во конкуренција на двојки каде извесен период беше петта тенисерка во светот.

Се вчитува...