Хрватска ја освои титулата во тенискиот Дејвис Куп, ја симна Франција од тронот

Тениската репрезентација на Хрватска ја освои титулата во Дејвис купот, репрезентативното натпреварување кое го имаше последното издание во овој формат. До конечниот триумф, Хрватите ги предводеше нивниот најдобар тенисер, Марин Чилиќ кој на третиот натпреварувачки ден го доби првиот сингл меч и направи недостижна разлика од 3-1 во победи. Чилиќ со 3-0 во сетови го победи францускиот адут Лукас Пуј.

Претходно, Хрватска беше доминантна на првиот ден од натпреварувањето, ги доби двете поеднинечни пресметки и веќе во петокот вoдеше со 2-0. Франција се врати во игра благодарение на успехот во мечот во двојки со кој намали на 2-1 и си остави простор за надеж на последниот ден.

За Хрватска ова е втора титула во Дејвис купот, Французите не успеаја да го одбранат ланскиот успех.

Се вчитува...