Магнус Карлсен ја одбрани светската шаховска титула

По речиси три седмиcи израмнета битка, Магнус Карлсен ја одбрани светската шаховска титула. Трикратниот првак до новиот успех дојде откако во тај-брејкот ги доби првите три од четирите предвидени партии во брз-шах со големиот ривал Фабиано Каруана. Карлсен првата титула ја освои во 2013 година.

Дванаесетте регуларни парии завршија без победник со по 6 поени за секој од играчите, па затоа првпат во 132-годишната историја мораше да се оди на тај-брејк.

Одбраната на титулата на тунрирот кој поради драматичноста го привлече светското внимание му носи на Норвежанецот награда од 1.000 000 евра.

Се вчитува...