Девојката на Роналдо, Георгина Родригез, се пофали со нова фотографија од празничниот престој во Португалија, но наиде на бројни критики од фановите.
Атрактивната Шпанка облечена во црна комбинација и тигрести чизми покрај брегот, нејзините следбеници ја оценија како катастрофална.
Откако е заедно со Роналдо со кого имаат и двегодишна ќерка, Георгина постојано е изложена на оценки од јавноста. Некогаш позитивни, но често и многу негативни како оние за нејзиниот стил на облекување на последната фотографија.
„Оваа девојка е убава, но мислам дека треба некој да ја советува за изгледот, со парите што ги има…Погледнете ги само тие чизми!“ – стои во еден од коментарите.
А, некои отидоа и малку подалеку, па и порачаа на Георгина да го следи стилот на поранешната девојка на Кристијано Роналдо, Русинката Ирина Шајк.
„Кристијано Роналдо, па беше со Ирина, сигурно научи нешто „кул“, можеш да ја научиш и Георгина како да носи добри работи и тоа да изгледа убаво“ – пишува во една од пораките со критика за стилот на Георгина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА